Македонија е нападната од власта

28.06.2016 03:36
Македонија е нападната од власта

Да, да, Македонија е нападната!

Од власта!

Големиот зика им рекол на малите зики: Македонија е нападната и вмро е нападната!

Веома врло сам се изненадио због ово његова изјава.

За вмро ми е јасно, нормалните луѓе ја препознаа партијата како организирана форма на злото, како смрт која убива со преголеми дози примитивизам, пљачка и сеопштата деструкција, нормално е нормалните да се кренат против таа несреќа што Македонците ги измами и ги упропасти пострашно отколку што организациите за Брегзитот ги измамија и ќе ги упропастат Британците, да ја стават под пресата на својот разум и на честа и да ја смачкаат, како ливче за тутун да ја смачкаат, па потоа да свиткаат цигара и да ја испушат, но зошто некој би ја напаѓал Македонија, таа разорена, опустошена, ограбена, смачкана земјичка, на раат раскурцана од сопствената власт, од тие што на сет глас викаат дека била нападната.

Какви се резоните сдсм да ја напаѓа Македонија со идеја да ја уништи во моментот кога таа работа така велелепно ја завршија големиот зика и другите комарци од неговото злосторничко легло, зошто ако се толку злобни и антимакедонски настроени, чекале своите напаѓачки амбиции да ги остварат од позиција на опозиција, а не како власт до 1998 или потоа до 2006, кога ги имале на располагање сите ресусри и кога навистина сè уште имало што да се уништува, зошто десет години чекале злосторничкото здружение на вемерето да се консолидира и да им ја врши мисијата, што би рекле во вмро денес. Мора да се некои тешки будали, мислам, на овие од Бихаќка.

Освен тоа, тие се наследници на организацијата која што ја создаде и Македонија и македонската нација, во крвавата борба во која овие што тврдат дека денеска се нападнати, колаборираа со окупаторот односно со ослободителите како што знаат да ги викаат и денеска. Сè што било потребно не за да ја уништат Македонија, оти Македонија не постоела, е да не ја создаваат, да си седат дома или да се вработат во тукашните испостави на бугарскиот цар!

Инаку, мислам дека униите на таканаречените млади сили се инкубатори на функционални и функционерски кретени, тие се производители на зики кои во еден момент излегуваат во општествениот простор и гарантираат дека Македонија никогаш нема да се излечи затоа што тие се нејзината болест! Дозволувам дека во други држави не е така, но во Македонија е така.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња