Судство со специјални потреби

29.06.2016 11:01
Судство со специјални потреби

Деновиве се погласни се шпекулациите дека ќе се формира посебно судско одделение во рамките на Кривичниот суд, кое ќе ги разгледува предметите кои ги отвора Специјалното јавно обвинителство.

И во тоа нема ништо, ниту незаконско, ниту лошо, ако земеме предвид каква ни е состојбата во судството, колку ни се исполитизирани голем дел од судиите и колку тие судат како што им диктира власта.

ВМРО-ДПМНЕ очигледно се плаши од ваквата идеја и деновиве се погласно, преку своите медиумски мегафони, труби дека странци ќе ни формирале специјален суд. Демек, како странците диктираат така ние сме играле. Е па не е точно. Има нормални луѓе во државава кои и понатаму настојуваат да играат онака како што треба. Онака како што доликува на нормална демократска земја, што Македонија очигледно сега не е.

Ако власта да не го окупираше и не го потчинеше судството, ќе немаше потреба од никакви специјални одделенија и судови. Но, што е тука е. Сега треба да се мисли што и како понатаму, како да се избега од канџите на партиското судење и како правдата повторно да завладее во државата.

А специјалното судско одделение може само да помогне во таа насока, и треба бездруго да се формира. Законите мора да важат за сите, а не само за оние неподобните.

Слика: Свирачиња

Извор: Слободен печат