Ова не се полицајци, туку криминалци во униформа на полицајци

01.07.2016 10:22
Ова не се полицајци, туку криминалци во униформа на полицајци

Ова на видеото не се полицајци. Тоа што некој ќе облече униформа не го прави полицаец.

Ова се криминалци во униформа на полицајци.

Ваква злоупотреба на Министерството за внатрешни работи немало во Македонија уште од нејзиното воспоставување како држава во минатиот век.

Не се случило вооружени криминалци да се изживуваат врз студенти и професори.

Чавков мора да биде не само повикан на одговорност туку и под итно отстранет од функцијата на која е поставен спротивно на Уставот.

Човек кој со кршење на Уставот дошол на одредена раководна позиција не може да управува со полицијата на друг начин освен со кршење на законите, односно со употреба на криминалци облечени во униформи на полицајци.

Чавков мора да биде тргнат. Не од министерската позиција, туку од министерството воопшто и мора да му биде ограничено делувањето. Тоа е прв чекор во воспоставувањето на правото.

Паралелно со ова мора да се блокира исплатата на овие криминалци од нашите пари.

Ни денар повеќе за мафијата. Отсуството на пари ќе резултира во нејзино откачување од вратот на државата.

Исто како кога ќе намачкаш со бензин крлеж кој ти се закачил и ти ја цица и труе крвта.

Извор: Фејсбук профилот на авторката