Не ви е маааалку чудно што партиите ќе предлагаат уредници, експерти, мониторџии на медиуми?!

14.07.2016 12:12
Не ви е маааалку чудно што партиите ќе предлагаат уредници, експерти, мониторџии на медиуми?!

ТВ 24 ноќеска извести дека партиите сепак се договориле за медиумите и тоа, за создавање на АД-ХОК тело 100 дена пред избори кое ќе мониторира и ќе ѝ кажува на Агенцијата за медиуми кого треба да казни, оти стручната служба на Агенцијата е неспособна, а членовите на Агенцијата се таму оти се убави и заслужиле плата со претходно лепење партиски постери и расипување лифтови во згради на денот на изборите. Ова СУПЕР ПАРТИСКО НЕЗАВИСНО ТЕЛО ќе било составено од 5 члена, од кои 4 по ПРЕДЛОГ на ПАРТИИТЕ, а петтиот ќе го бирале самите членови од супер-телото. Едвај чекам да видам кога ќе се наредат партиските експертски пулени во ова независно партиско тело и кога ќе ја блокираат секоја одлука, чекајќи инструкции од партијата дали да гласаат, дали да одат во ВЦ, дали да дишат, дали да се преправаат болни, дали да прогледаат или да се прават на Тошо…

И така, сега сите се задоволни: меЏународна си кликна во списокот ЈЕС во делот на МЕДИУМСКИТЕ РЕФОРМИ дека направила нешто оти, нели, се договориле ПАРТИИТЕ; СДСМ е хепи дека ќе си постават СВОИ ЛУЃЕ ВО МТВ И СУПЕР-ТЕЛОТО И ЌЕ КОНТРОЛИРААТ; ДУИ и ДПА и така НЕ СЕ ОД ТУКА, а ДПМНЕ се смее под мустаќ оти успеа да создаде ДОПОЛНИТЕЛЕН ХАОС и да си продолжи како и до сега со УПРАВУВАЊЕ, СОЗДАВАЊЕ И КОНТРОЛА на медиумските содржини (читај вестите на најголем дел од телевизиите), а, и оти тие се цареви во БЛОКИРАЊЕ институции по потреба.

Не ви е МАААЛКУ чудно што партиите ќе предлагаат уредници, експерти, мониторџии и што не се поддржани од ниту една медиумска организација?! Или неважно е тоа, оти и така сите вие партиски членови сакате всушност да бидете уредници?! Најубаво е да престанете да се криете зад плаштот на членската и тоа што ве гласале за НАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ и да си влезете во медиумите, да не се заебаваме.

СРАМОТА!

УАААА ШНАЈДЕРИ!

Извор: Фејсбук профилот на авторката