Злосторствата на „демократски избраната власт“

16.07.2016 11:45
Злосторствата на „демократски избраната власт“

Сите страни да ја поддржат демократски избраната власт, велат од Белата куќа по повод драматичните настани во Турција!

Добро, но што правиме кога демократски избраната власт не ги поддржува сите?!

Централниот предизвик пред светот не е поддршката за „демократски избраната власт“, туку како може на локално и на глобално ниво да се одговори на диктаторските трансформации на „демократски избраната власт“ и, особено, на предизвиците што се јавуваат во моментите кога лидерот на „демократски избраната власт“ по линија на своите идејни, политички и медицински преференции почнува да ги тероризира луѓето, општествата, културите...

Се разбира дека опстанокот на Ердоган е помало зло од растурањето на Турција во некаква граѓанска војна, но работата е во тоа светот да се бори против тој систем на помалите зла, а не да го прифаќа како алиби за својата немоќ.

Како во Македонија, на пример!

Кај што се така очигледни не само тие искривувања туку и самата конституција на власта низ формално демократски, а во суштина криминални избори.

Јасно е дека светот сè уште нема измислено подобри односно помалку лоши начини за конституција и организација на политичките процеси, но време е да размислува и во таа насока!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња