Сара Луис Дејви

19.07.16 12:34

Сара Луиз Дејви создава скулптурални објекти и инсталации со цел да ги евоцира интуитивните, внатрешни толкувања на нештата кои доаѓаат од нашите субјективни претстави за физичкиот изглед и општествените норми.

„Преку претставата на фигурата и материјалноста на глината, создавам скулптурални објекти и инсталации за да ги евоцирам интуитивните, внатрешни толкувања на нештата кои се формираат од субјективните претстави за физичкиот изглед и општествените норми. Го преиспитувам моето искуство на овие теми, па различните личности кои се претставени со секој хибриден портрет, често се мешавина на чудна убавина и морбидна грдотија.

Држењето на телата и позите ја илустрираат психолошката сфера на дивите женски ликови додека нивните ококорени и втренчени погледи ја прикажуваат емоционална двојност која константно се развива во ѕверска слика. Во средиштето на овие дела е вечната двојна и контрасна природа на духот.

Двоглавиот ѕвер, внатрешниот близнак, коj живее под нашата кожа, ја дели со нас школката и дише живот низ пукнатините. Тие се психички суштества извајани од надеж, прободени со острите шилци на носталгијата“ -вели Сара Луиз Дејви за нејзините дела.

 

Извор: www.emptykingdom.com

ОкоБоли главаВицФото