Камион претворен во мобилна бања за бездомниците

19.07.2016 13:04
Камион претворен во мобилна бања за бездомниците

Џејк Остин со години им помага на бездомниците во Сент Луис, Мисури, со организирање на волонтерски групи кои донираат храна и облека. Почнал да носи сапуни, шампони и други тоалетни средства за донирање, па забележал дека проблемот со недостатокот на хигиена не привлекува толку многу внимание како останатите, но проблемот се уште постои: производите не се особено корисни без безбедно место на кое бездомниците ќе можат да ги употребуваат. Така настанува неговата подвижна бања на тркала наречена Shower to the People.

Остин купил половен камион од Craigslist кој чинел 5,000 долари и покренал дополнителна поддршка преку кампањата насловена GoFundMe за да се реновира ентериерот, создавајќи два приватни туша, мијалници, и огледала. За да има вода, камионот се поврзува со хидранти за пожар, и користи надворешен генератор за греење. На овој начин, тој лесно може да патува низ целиот град, обезбедувајќи топол туш, удобно бричење и едноставното задоволство на туш со пареа за шеесет луѓе кои имаат потреба од тоа секој ден.

Проектот Shower to the People исто така има социјално здружение наречено Raise the Bar, кое ги вработува оние кои имаат претходно искуство со бездомништво да прават сапун. Сапуните им се делат на луѓето на улиците, а дел од нив се продаваат за финансирање на програмата.

Остин објаснува дека потребата за хигиена често се занемарува. Засолништата за бездомници околу Сент Луис се опремени со тушеви, но тие се достапни единствено на официјалните жители.

Одржувањето основна хигиена е од клучно значење кога станува збор за добивање и задржување на работа, а исто така е од голема помош во борбата против инфекции и болести. (Како што Остин објаснува во воведното видео за инспиративниот проект: „Одржувањето на хигиена промовира здравје, ја негува надежта, и го враќа достоинството на оние кои можеби го изгубиле.“

 

 

Извор: www.showertothepeoplestl.org

ОкоБоли главаВицФото