Власта на ВМРО/ ДУИ е потрошена, дајте нови идиоти!

21.07.2016 11:58
Власта на ВМРО/ ДУИ е потрошена, дајте нови идиоти!

Преговорите беа преговори за промена на власта!

На диригирани избори.

Шминкање на волјата на широките народни маси во минимум ферски и демократски фазони.

Борба до два по полноќ!

Драма!

Натчовечки напори!

Уствари, што!?

Власта на ВМРО/ ДУИ е потрошена.

Мора да се инсталира нова гарнитура идиоти што ќе ја обезбедуваат трајноста на системот.

Инкубаторот на морони во слободната царинска зона на апашите мора да работи.

Тоа е тоа.

Така јас ја доживеав пржинската парада на политичкиот барок во времето кога дури и рокенролот е мртов.

Прдежи од несварена храна залиена со дојранскогевгелиска вода со фекалии и арсен!

Во тие бартери СДСМ ја добива власта, а ја губи смислата, ВМРО-ДПМНЕ ја губи власта, но добива правно политички гаранции, Злото се обезвинува, а Невиноста се контаминира, сите одиме во курац, шупакот ја губи моќта за контракција, сереме без везе, Македонија ја нема. Неа Бива по грчки.

Страшна работа.

Сонував како колат една свиња: ВМРО-ДПМНЕ ѝ го беше збрцал ножот во шијата, СДСМ и ги држеше задните нозе, а ДУИ и ДПА со штипалки на носевите и ги стискаа предните. Свињата квичеше. Ужасно квичеше. Тој смртоносен квич ме врати во времето кога во Европската Унија ја носевме забраната за свињоколот!

Тоа е таа слика.

Јас можам да претпоставам дека намерите на СДСМ се благородни, но, сепак, сакам да ги прашам: што барате вие врз задните нозе на македонската свиња, да не случајно и ги масирате буткиците, да не ја чешкате нашата бишка, па не го заебавајте животното, бе!

Не сум сигурен во капацитетите на оваа усрано општество да зазема морални ставови, но ако има некакви остатоци од тие вредности мора, апсолутно мора, да ги одбие пржинските далавери на својата апашанатска елита, фино, помалку или повеќе, рамномерно распоредена во партии. Да го одбие форматот на четирите партии, да ја одбие тајноста, да ја одбие идејата за договор со злото во името на општото добро, да ја одбие деформираната дефиниција на општото добро. Со јасна назнака дека тоа го прави по секоја цена, дури и по цена на опстанокот на Македонија затоа што опстанокот на Македонија не е и не може да биде над интегритетот на животот. Кога опозицијата се просерува со својата грижа за Македонија таа ја засилува позицијата на Злосторничкото здружување на власта!

Не би рекол дека власта успеа да се консолидира во овој постбомбашки период. Не, таа слабееше и слабее и покрај сите напори на опозицијата. Хахаха! Како резултат на тие грандиозни напори за одбрана на системот, слабее и опозицијата. Целото општество е политички декапацитирано зашто е впрегнато во одбрана на својата смрт. На мирот како смрт! Во алхемијата на смртта испроектирана во таканаречениот Пржински процес на лагата за себе како највисок политички дострел. Да се бориш против злото така што ќе го легитимираш како партнер. И така што ќе му оставиш простор политичката моќ да ја трансферира во легална економска и финансиска моќ, дополнително зајакнати со правнополитички гаранции на жртвата. А себеси ќе се компромитираш во тие блиски средби, закономерно, независно од намерите, во името на што, во името на Македонија!? Каква Македонија!?

Бомбите на Заев, како што тоа пред една година убаво го забележа Зеколи, ја растурија мистиката на политиката и тоа што до тогаш можеше да им се продава на граѓаните како магија оттогаш и сега се изнесува на тезгата како тешка инфантилистика која нема кој да ја купи: ад хок тело за контрола на медиумите, драпај си мевот велат во Свети Николе, министри без ингеренции, партиски уредници и директори по медиумите, чистење на избирачкиот список со најординарни партиски валканици итн.

Па за кој курац беа бомбите!? За кој ѓавол се изнесе на светлината на денот моралното, професионално, политичко, идејно дно на власта!? За кој ѓавол се вознемируваше општеството по таа линија!? За да може да се формира ад-хок тело во кое дното и моралната вертикала како што себе си се замислува СДСМ ќе имаат по двајца членови, некакви идиоти кои ќе прифатат да се циркузираат некое време. Тоа ли е реформата на медиумите, да може Шекеринска да го тури директорот на МРТВ или, немам поим, портирот, готвачот.

Некои аналитичари велат дека клучната слабост на левицата од 68 г. наваму била откажувањето од идеалите за светот на правдата, праведноста, рамноправноста слободата и, истовремено, слабоста кон вистината во времето на фикциите, лагите, спектаклите и симулакрумите. Јас мислам дека во таа дефиниција многу убаво се вклопува левицата во Македонија. По двете основи: прво по тоа што решително се откажа од идеалите за сметка на дневните опортунитети и користољубија, а второ и во однос на вистината која што ја толкува така приземно во еден дискурс кој не е во состојба да го артикулира уште помалку да ги антиципира предизвиците на времето и имагинацијата на противниците. Следејќи ја таа логика и филозофија тие се движат по површината на нештата, постојано ја третираат појавноста на работите, немаат никаква имагинација ниту пак моќ да ја сфатат туѓата имагинација, го елиминираат ризикот наместо да го користат како главен аргумент, затоа беа во состојба да упропастат еден таков грандиозен материјал каков што беа бомбите.

Еве, да ја земеме за пример еврообврзницата. Верувам дека таа е суспендирана и како резултат на грандиозните напори на граѓанството, посебно на експертите од СДСМ, но клучниот ефект од таа операција нема да биде контрола врз задолжувањата на земјата туку поделба на одговорноста за социјалната драма што ќе следи. Битката против еврообврзницата може да се покаже како реална битка во која со натчовечки напори ние ја извојувавме победата на непријателот!

Себастијан Курц, министер за надворешни работи на Австрија, новиот претседавач со ОБСЕ, во своето прво обраќање во тоа својство укажа на растечката загуба на довербата на граѓаните кон државните институции и организациите кои треба да ги обезбедат мирот и вредностите, односно на потребата одново да се создаде довербата.

Бејли беше рекол дека ќе заглавиме ако не го решиме проблемот со прислушувањето и со содржините во прислушуваните материјали како криминали.

Перфектно, но таа цел не може да се постигне преку преговори со криминалот, туку против него. Категорично, без пардон, по секоја цена!

На граѓанска војна?!

Да!

Јебала вас граѓанска војна.

Перцепцијата на стравот е поголема од реалните импути.

За граѓанска војна е потребна страст, свест или макар заматена свест, љубопитност, свест за некакви интереси, работи што не успеваат на ова поднебје!

Јас ја разбирам загриженоста од вакви судири, но проблемот е во тоа што опциите што во старт ги елиминираат овие ризици, предизвикуваат уште пострашни последици!

Слики: Свирачиња (Гуки и Иди Дада; Стивен Кинг со Гуки и со Стефан)
Извор: Слободен печат, 15.07.16.