Фатва за покемоните

21.07.2016 13:43
Фатва за покемоните

Претседателот на Светската унија на муслиманските научници, имамот д-р Јусуф Ал-Карадави издаде фатва во која јапонскиот цртан филм „Покемон“ го карактеризира како забрането дело, или харам. Тој издаде фатва за забрана на овој цртан филм и игри, тврдејќи дека уште во 2001 година, оваа игра негативно влијае на верувањата, разумот и однесувањето на муслиманските деца.

Имамот Ал-Карадави истакнува дека фатвата донесена по опширната дискусија која се водеше околу ова прашање и по бројните прашања кои пристигнале од загрижените родители кои сакале да го слушнат шеријатскиот став во врска со овие цртани филмови и игри, кои влијаат на верувањата, практиките и однесувањето на децата. Тој исто така нагласи дека фатвата не ја донел брзоплето и дека во такви ситуации фекихи не смее да брза, бидејќи по природа тие не ги знаат овој вид на серии и игри, и дека донесувањето на фатвата било консултирано со бројни стручњаци кои работат во таа област.

Во фатвата, имамот Ал-Карадави ги наведува петте клучни причини поради кои серијата и видео игрите „Покемон“ ги смета за забранети. Опасноста во однос на исламското верување кај децата во оваа игра се гледа во постојаното промовирање на теориите на Дарвин за потеклото и еволуцијата. Тоа го прави преку промовирање на формирањето на ликовите почнувајќи од оние најниските, кои потоа се развиваат во суштества со покомплексна структура, што е основа на теоријата на еволуцијата.

Играта и серијата ги промовираат постојаните конфликти и опстанокот на помоќниот, односно т.н.. природна на селекција, која е дел од Дарвиновата теорија на еволуцијата, со што го нарушува моралот кај детето и односот кон луѓето и околината во која живее. Исто така се промовира крвопролевање, убивање и константна анархија.

Покрај тоа, негативно влијае и на интелектуалниот развој на детето, бидејќи во умот на детето го всадува невозможното, имагинарни појави и ликови со натприродни моќи. Играта „Покемон“, покрај другото, припаѓа на категоријата коцкарство, бидејќи за нејзиното играње често се одвојуваат огромни суми, а коцкањето е нешто што е строго забрането во исламот.

Имамот Ал-Карадави истакна и дека една од причините за забрана е и фактот дека играта и серијата ги промовираат симболите и знаците на ционизмот и масонизмот, како што се шестокраката ѕвезда и слични симболи. Истовремено, тој ги повикува муслиманите и Арапите да осмислат производи, серии и игри, кои ќе го промовираат благородното исламско учење и исламскиот морал.

Извор: www.islambosna.ba

ОкоБоли главаВицФото