Човекот со брич во устата

23.07.2016 13:37

Забрзано повикувам некој кој ќе ми го изговори името,
успева, еднаш, втор пат подигнувам камен, се наоѓам
во тело на змија, кога подобро ќе погледнам – окрлушена сум,
ме нема освен ако не го побарам ловецот, човекот со брич
во устата, си го извикувам името, не го познава јазикот, слуша
со мамуза, наоколу саде лажни непријатели, носат имиња,
знамиња, слика од таткото на нацијата, кога сонцето е најлудо,
и никогаш нема точен час вистински да се сведочи против себе,
туку ајде пак под камен, се привикувам, она „камена с рамена“,
се одѕива роднокрајната мувла, светињата на тлото, досадата на имињата

Превод: П. В.

Оригиналната песна

Весна Бига (1948), хрватска писателка и поетеса. Долги години има статус на слободен уметник. Член е на Друштвото на писатели на Хрватска и на хрватскиот ПЕН. Објавила тринаесет книги проза и поезија. Нејзините дела се преведени на англиски, италијански, руски, украински, словенечки, македонски, турски, есперанто; објавени се во бројни списанија и застапени во различни прегледи и антологии.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото