Нашата држава не нè научи

25.07.2016 13:40
Нашата држава не нè научи

- Не ми купувај ни куќа, ни стан – дај ми доволно висока плата да можам сама да си ги купам.
- Не ми прави отпис на долгови – зајакни ме никогаш да не западнам во нив.
- Не ме терај да раѓам деца – дозволи ми сама да одлучам колку деца сакам да имам во зависност од тоа колку можам да издржувам.
- Не ми купувај карта за Венеција – вработи ме, за да можам самата да изберам каде ќе патувам.
- Не ми давај бесплатни карти за театар – подобри ми го студентскиот стандард за да можам сама да си ја изберам претставата што сакам да ја
гледам.
- Не ми исплаќај рати од кредит – направи ме кредитоспособна да можам сама да си го вратам.
- Не ми купувај компјутер – дај ми студентски кредит или стипендија со кои ќе можам сама да си го изберам и купам компјутерот што ми треба.
- Не ми одредувај кога да се возам со автобус бесплатно – зголеми ми ја пензијата да можам да се возам и во останатите денови, кога нема да бидам гледана попреку затоа што некому правам гужва.
- Не прави да се чувствувам како неспособен инвалид – направи да се чувствувам како способен и продуктивен човек.
- „Не ми давај да јадам риба - научи ме како самата да ја уловам“, ја знаете сите. Нашата држава не нè научи. Нашата држава на најсиромашните им фрли крапче, на грст луѓе им сервираше пастрмка на астал, а сите останати ги
прати по риба... на разни места низ светот!

Слика: Kaye Blegvad

Извор: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото