Жената во возот

26.07.2016 13:48

Жената се тетераваше од седиште до седиште и ѕвереше во патниците,
како во своето движење да се потпира на туѓите очи, онака како што
некој патемно се потпира од ѕид, довраток или раб на седиште,
шараше редум по туѓите лица, слепа бубачка женава,
како без очите на сопатниците да ќе се претвори во стакло, завеса,
парченце од наслон, изгледаше како некој кој себеси се напуштил
и кој се бара во туѓите очи, зарем веќе три пати не се загледа
во мене, последниот како стара познајничка, та не се гледаме прв пат,
третиот пат решив да ја замразам, оти дрско шестари низ моето лице,
ги забодува виљушките на своите зеници во гневот на мојата кожа,
ја струга површината, во чудење го набира челото, како да го вкусува,
откинувајќи го алчно блесокот на моите капаци, и токму
кога избезуменото испапчување на мојата усна се спремаше да прсне,
некој рече дека и таа жена мора да постои, баш така, мора,
и потоа некој тоа го повтори, а јас шепнав ‒ мора ли, и знаев
истиот момент дека пронајдов изговор и дека нема да ја замразам женава,
која продолжи да чекори и да се загледува во очите на патниците,
како реченото да не се однесува на неа, а можеше сè да чуе,
беше на дофат на мојата рака, и уште можеше да чуе како велам
дека нејзе ја нема ако не се потпре на туѓиот поглед, баш така бев рекла,
ја нема, некој на ова се поткашла, и дофрли дека е тоа вистина
и дека нејзе тогаш навистина ја нема, и јас во ненадеен страв тогаш
ја допрев раката на жената во преминот, но таа не покажа
дека го осетила мојот допир и дека допрената рака нејзе ѝ припаѓа

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото