Земјотресот наречен „Скопје 2014“

28.07.2016 10:21
Земјотресот наречен „Скопје 2014“

Сведочењето на Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, можеби ќе му помогне на Специјалното јавно обвинителство да го докаже најочигледното, најголемото од сите можни злосторства за кои е осомничена „фамилијата“ на чело со сега поранешниот премиер Никола Груевски, која десет години владееше и успеваше да контролира сè во државата. Сè, освен самата себе. Се разбира, станува збор за „Скопје 2014“. Доказите на СЈО се потребни, меѓу другото, за да спречат еден можен и уште побесмислен развој на настаните - „најлудачкиот“ проект на власта да се доживува како природна појава (елементарна непогода), како зла судбина, дело на некоја виша сила, нешто што морало да се случи, во секој случај како нешто што никој и никако не можел да го спречи. Значи, да почне да се доживува и да се прифаќа како земјотресот од 26 јули 1963 година.

За Скопје, штетите од градежниот бум во (епи)центарот на градот не се ништо помали од тие по разорниот земјотрес. Напротив, тие се удвоени: пред половина век биле урнати згради и други материјални, ама само материјални добра; „Скопје 2014“ ги срамни со земја и духовните вредности, стандарди и критериуми, сè што било градено во изминатиот половина век, не само во архитектурата. Жртви на рушењето, кое не се случи преку ноќ, не се само очевидците и, во најголем број неми сведоци на настанот, туку ќе бидат и идните жители на градот.

ОкоБоли главаВицФото