Мистичните древни камени скулптури –чувари и раскажувачи на приказни низ вековите

29.07.2016 02:20
Мистичните древните камени скулптури –чувари и раскажувачи на приказни низ вековите

Автопортрет, пустината Атакама, Чиле, 2001

Од чуварите на Велигденскиот Остров, до рацете кои изникнуваат од пустината Гоби, Илејн Линг ги фотографира мистичните форми извајани од камења низ вековите.

 Фотографката Илејн Линг од Хонг Конг, која живее и работи во Канада наоѓа величественост и духовност во големите камени скулптури низ светот. Книгата „Камењата кои зборуваат“ (Talking Stones) на Илејн Линг неодамна излезе во печат во издание на издавачката куќа Kehrer Verlag.

Мјанмар, 2011

Камени сфери, Коста Рика, 2000

Оваа фотографка патувала низ светот цели триесет години, создавајќи десетици илјади негативи со нејзиниот фотоапарат, користејќи, Polaroid 55 PN, вид на филм кој веќе не постои.

Благословот на Буда, Мјанмар, 2011

„Се гледам себеси како многу мала фигура на една огромна сцена“ – пишува Илејн во својата книга, која ги резимира сликите.

Храмот на митската птица, Мјанмар, 2011

„Од моите почетоци како фотографка, бев фасцинирана од древните камења и пораките кои тие ни ги испраќааат низ вековите“ – вели таа.

Какаду, Австралија, 2005

Таа камењата ги опишува како „гласници за она што сега се одамна исчезнатите култури“.

Изгрејсонце во дланката на Буда, Сијам, 1999

„Камениот човек загледан во хоризонтот на пустината Гоби, обезглавените благородници кои ѝ носат подароци на кинеската царица, лицето на Буда речиси проголтано од дрво, сите тие скулптури се замислени да ги чуваат и шират приказните за големите патувања, битки, победи и загуби, смрт или преживување, за древните митови и моќните богови“.

Анкор, Камбоџа, 1999

Фотографот Едвард Буртински, овој проект на Илејн го нарекува „најсеопфатното дело изработено од визуелен уметник, посветено на најрелевантните и најспиритуални камени скулптури кои сè уште постојат“.

Храмот на џунглата, Мјанмар, 2006

Буртински вели дека нејзините фотографии „пристигнуваат на начин на кој анксиозноста на нашето време предизвикува многу од нас да се прашуваат колку долго нашите сегашни камени споменици ќе опстојат“.

Исла де Пасква, Велигденскиот Остров, 2001

Во интервју за списанието Slate, Линг вели: „Моето длабоко чувство за камњата ми зборува дека тие се моќни чувари на Земјата, дури и во денешно време кога се под закана на деструктивни сили.

Последната светлина, Кападокија, Турција, 2002

„Кога Палмира беше уништена, постоеше толку силно чувство на загуба. Ако овие масивни неми камења не можат да го сопрат маршот на времето, што може?“

Половичен камен човек,  Монголија, 2004

Линг, покрај другото, е и обучен лекар, и била на медицинска пракса во Канада, Абу Даби и Непал.

Мјанмар, 2011

Вејд Дејвис, авторот на предговорот на книгата на Линг, вели: „Јасно е дека она што нè приближува кон овие древни дела на уметноста и архитектурата... е она што тие го откриваат за копнежот и преданоста, посветеноста и поврзувањето, светото и каменот“

„Таква е моќта на каменот, истовремено флуидна и статична, вечна и минлива, совршена дефиниција за човечката имагинација и дух“.

Извор: www.theguardian.com

ОкоБоли главаВицФото