Проверката не им може ништо на „фантомите“!?

29.07.2016 13:48
Проверката не им може ништо на „фантомите“!?

Во времето кога Спасовски го водеше МВР беа избришани од Избирачкиот список само 500 гласачи од Пустец, кои се пријавени во општината Центар. Но вакви гласачи имаше и во другите општини низ државата, по неколку десетици впишани на иста адреса и тие и понатаму се на списокот. Дури и ако некој од нив е на спорната листа сепак, ако има важечка лична карта, ќе може повторно да се регистрира и да гласа, бидејќи не мора да докаже дека навистина живее на адресата.

Од ДИК објаснуваат дека за нив личната карта покажува каде некој живее, додека, пак, постапката на проверка на тоа како е личната карта добиена е во надлежност на МВР.

Гласачкото право му е одземено на синот на бизнисменот Субрата Рој, Сушанто Рој, кој е ставен на листата на спорни гласачи. Ако не се пријави, ќе не може да гласа. Сушанто е регистриран дека живее во населбата Бардовци каде што индискиот бизнисмен има куќа. Синот на Субрата е директор на компанијата што требаше да гради голф игралиште и марина во Љубаништа во Охрид.

Извор: Слободен Печат