Вести од оној свет

30.07.2016 00:37
Вести од оној свет

Една постара жена реши дека сака да умре. Легна на брачниот кревет во спалната соба и ги затвори очите. И умре. Арно ама, бидејќи сè уште не беше дојдено нејзиното време, оној свет не ја прифаќаше и ја врати назад. Нејзиниот сопруг, исто така постар човек, се исплаши дека ќе нема кој да му готви и да му чисти по дома, па ги повика нејзините живи роднини напомош. Заедно ја убедуваа дека е рано за умирање, дека има уште многу да се живее, но жената упорно одбиваше да стане од креветот и тврдоглаво ги затвораше очите со желба повторно да умре. И умираше. Но по некое време оној свет повторно ја враќаше меѓу живите. Тоа се повтори едно десетина-петнаесет пати, и тогаш една нејзина итра братучетка се досети да ја искористи таквата ситуација во своја полза: првин се премажи за сопругот на жената која буквално се наоѓаше меѓу два света, а потоа почнаа да ја користат за пренесување пораки и вести од и до другата страна. Многу луѓе беа желни да дознаат како се нивните одамна починати блиски, и не жалеа да платат за тоа.

Брзо се збогатија. Изградија нова куќа, купија нова кола, се слуша дека годинава ќе патуваат низ Европа.

Цртеж: Aris Moore

ОкоБоли главаВицФото