Лесли Гилберт Илингворт

30.07.16 08:10

Лесли Гилберт Илингворт, роден на 2 септември, 1902 година во Бери, Велика Британија, е велшки политички карикатурист, најдобро познат по неговиот работен ангажман во Daily Mail и по неговата титула на главен карикатурист во британскиот сатиричен месечник Punch. Мајстор на политичката карикатура, но и исклучително талентиран како ликовен уметник, бил гигант во светот на карикатурите, комбинирајќи го хуморот на Е.Х. Шепард и драматичноста на Џон Тениела и Бернард Партриџ, за да ја долови суштината на карикатурите на Punch.

Лигата на народите e во очај. Додека Франција и Велика Британија се занимаваат со германската агресија, Русија ја задева малата Финска. 

Черчил предупредува дека неутралноста нема да ги спаси малите народи од нацистичката агресија.

Нациите само набљудувааt додека Финска храбро ѝ се спротивставувa на големата Русија. Америка не направи ништо.

Во 1940 и 1941 година, Германија и Италија почнувaaт да ги „голтаат“ балканските земји. Русија се мурти.

Додека британските војници се борат со нацистичката воена машинерија, британските работници активно работат на производството на оружје.

Хитлер се подготвува да ја проголта Романија, додека незадоволниот Сталин гледа дека не добил покана за оброкот.

Во јуни 1941 година, Германија ја нападна Русија. Само две години откако го потпиша мировниот пакт. Хитлер крвари во Сталинград.Хитлер за прв пат е навистина исплашен. Од Русија. По Сталинград.Сталин добро го „исплеска“ Хитлер во Сталинград. Другите сојузници се подготвуваат за понатамошно криење.

Повеќе карикатури од Лесли Гилбер Илингворт можат да се видат на следниот линк: poisonpage.blogspot.mk

Извор: www.llgc.org.uk

ОкоБоли главаВицФото