Игра на тишината

18.08.16 15:14

Вирџинија Мори е италијанска уметница и режисерка која студирала анимација и дизајн на State Art Institute во Урбино. За време на студиите, ја развива својата специфична артистичка имагинација. Омилен медиум кој го користи во цртежите е моливот, мастилото и пенкалото на хартија.

Станува позната со краткиот анимиран филм „Игра на тишината“, кој учествувал на десетици фестивали, а номиниран е за повеќе престижни награди.

Успехот на овој филм, мајсторско парче во кое владее мистериозна, загадочна и мрачникава атмосфера, ѝ овозможува на Вирџинија Мори да развие успешна кариера како илустраторка и режисерка.

Цртежи од Мори на Окно

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото