„Мерцедес“ брендиран од Никола Груевски ќе патува низ Македонија

25.08.2016 12:31
„Мерцедес“ брендиран од Никола Груевски ќе патува низ Македонија

Невладината организација „Аква“ од Струга, кон крајот од месецов, со автомобил „мерцедес“, купен илјадапати поевтино (за нешто повеќе од 500 евра), ќе започне акција „Тоа на М – по патот на хипокризијата и солидарноста“. Активистите на „Аква“ ќе патуваат низ Македонија и ќе ги прашуваат граѓаните дали чуле за „еден друг „мерцедес“ од 575.000 евра“.

– Поттикнати од темите на разговор во телефонските разговори помеѓу министерката за внатрешни работи и премиерот, а поврзани со купувањето на „мајбах мерцедес“ од 575.000 евра, одлучивме и ние да купиме „мерцедес“ и да го брендираме со „Тоа на М“ (шифра што ја користи експремиерот кога прашува за „мерцедесот“) – соопштија за (META) активистите на невладината организација.

На возилото ќе се додадат и фотографии од зградите и од спомениците од „Скопје 2014“, но и сумата за која е купен „мерцедесот“ што се споменува во прислушуваните разговори и други делови од разговорот меѓу ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Ало!
НГ: Ало, Горде, шо праиш?
ГЈ: Добро, еве, малку по дома, весници и така…
НГ: За две работи те барам.
ГЈ: Кажете…
НГ: Она што ми остави ти едни проспекти, ти текнува?
ГЈ: Да, да… јас да ви кажам не ви вршев притисок, ама…
НГ: Тоа на М…на М…
ГЈ: Е добро, океј…
НГ: Да не зборам сеа вака…
ГЈ: Да да…знам знам, точно…ако има шанса да ми го вратите проспектот за да го напраиме ко шо треба, да не утнам нешто…
НГ: Тој ми е тука пред мене, тие другите два не знам кај ми се… тоа тебе не ти требаат другите
ГЈ: Не другите, тој шо треба е кај вас…. хахах
НГ: Да… ја ги видов сите три пошто овој го одвоив, тој терај го, ќе видиш таму што треба, фул све…
ГЈ: Да, де… па затоа и да видам попрецизно да биде ко шо треба ахах… пратете ми го Вие…
НГ: И битно ми е позади, позади да има екрани… коа се возам со маливе…
ГЈ: Да, да, да… нема проблем, таму имаше у тој јас, се сеќавам и јас го листав, нема проблем тој ќе го напраиме…

НГ: За ова се јавувам, шо ми пиша…
ГЈ: Аха..
НГ: До локалните ние нема да објавуваме дека го презимаме возилото, туку ќе глумиме дека е на МВР и Вие ќе си го користите коа ќе ви доаѓа некој познат ова-она, ќе го користите, а ние ќе го користиме само коа ќе одам на пат или кога имам дестинации кајшто не ме чекаат новинари…
ГЈ: Нема проблем претседателе, јас пошто…
НГ: Така да заради тоа ќе го задржиме… ќе комбинираме…
ГЈ: Да, да, добро, нема проблем…
НГ: Таму… кај шо ме чекаат куп новинари, ќе си одам со старата.
ГЈ: Да, де, да…
НГ: …или ако е на пат ќе одам со новото, а некаде таму ќе се пребацам у друго и така, до локални, после локални ќе смислиме некој начин ќе објавиме дека сме го преземале од МВР и дека од сега… бидејќи 20 години више ќе направи претходното и дека сме го преземале тоа и така…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Аа, така… абе слушај, знаеш дека ова мерцедесов стигнал, па чисто онака сакав да те прашам…
ГЈ: Е?
СМ: Стигна, каде е, што е, да го видиме…?
ГЈ: Хахаха… стигна, стигна и одма го стаивме у гаража кај премиерот, знаеш да не го гледаат овде кај нас ко циркуз, ама мислам ти коа сакаш со нив, не е проблем, знаеш оти кај нас овде ко… ќе биде ко панаѓур. Иначе, Сашо, не знам, ја неам такво нешто видено…
СМ: Да, го виде ти?
ГЈ: Го видов тој ден коа го донесоа, пошо мојов возач отиде да го земе од „Мерцедес“ знаеш пошо пат тоа ко авион да возиш е…
СМ: Да, а?
ГЈ: Фантазија, немаш видено такво нешто… го стаија знаеш у Влада у таа гаража…
СМ: А све е регистриран, све…
ГЈ: Сè, сè, сè комплет, регистриан, таблички све е завршено… експресно завршивме знаеш сега да не… многу многу да не го шетаме овде низ МВР, има еден куп комуњаришта, ќе почнат да оговараат, да зборат, некој ќе го слика, ќе го гледа… фантазија е, коа ќе имаш простор, договори се со чоекот, не си видел такво нешто… и овие од „Мерцедес“ викаат ваква кола не сме продале у Југоисточна Европа.
СМ: Да, а?
ГЈ: Пошо е најнов… мислам ептен вака, знаеш вака…
СМ: У некоја наредна прилика ќе го пробаме…
ГЈ: Да, бе, да, мислам јас, знаеш сеа коа не знаеш, не си го видел викаш де бе што може да е толку пари…
СМ: Црна боја?
ГЈ: …ама коа ќе го видиш, фантазија е..
СМ: Што боја е?
ГЈ: Црна…црна сè е, абе види он од надвор не, сега не е нешто, супер топ изгледа, „мерцедес“ најнов, како може да изгледа… Ама не, нема разлика нели у однос на другиве мерцедеси со таа класа… ама внатре коа ќе видиш шо све има… и самиот сараунд систем и она клими на секое седиште, масажери, чуда, телевизори…
СМ: Значи све живо шо постои има внатре, а?
ГЈ: Тој беше од каталогот мислам знаеш така и ја праевме работава, сè шо пишуеше у каталогот, све има…
СМ: Све а?
ГЈ: Фантазија…
СМ: Колку испадна цената?
ГЈ: 575 мислам дека со ДДВ дојде…
СМ: Сосе давачки?
ГЈ: Да, да сосе ДДВ да… така мислам дека беше 580, 575… види таа кола толку кошта сеа…
СМ: Да, да, да…
ГЈ: Може не знам ако е…
СМ: В7 ли е?
ГЈ: Да, да, да В7 мислам дека е В6 7 оти…
СМ: Не, не Б, Б, она што е за блинд…
ГЈ: Да, де, да, епа со В е обележано, може на германски е некоја ознака меѓутоа тоа е тоа… нели 7 е највисоко, ова е 6, 7 ваљда тоа е најголемо „мерцедес“ шо го има… и ние прашувавме пошо ја знам седмица е топ, ми вика нема „мерцедес“ ова е највисокото шо го нуди… фантазија е
Сашо…

СМ: Аха, значи највисокото…
ГЈ: Највисокото, мислам фантазија баш, не сме се виделе ја и ти, коа ќе имаш прилика, убаво вака да го разгледаш, нема поубава кола у Македонија…
СМ: Се има провозено некој?
ГЈ: Е па ваљда го пробале од кај премиерот, пошо Марјан го зема…
СМ: Аха…
ГЈ: … мислам он викаше, знаеш, подискретно сеа, да не го гледаат ама претпоставувам некогаш навечер го извадиле коа нема многу луѓе…

Извор: Слободна Македонија