Oвен Џент

27.08.16 02:54

Британскиот уметник и илустратор Овен Џент, кој живее и работи во Бристол, создава чудни и меланхолични дела на кои се претставени ликови кои егзистираат во еден надреален свет со фолклорна естетика. Со водата како периодичен мотив, протагонистите на неговите слики често наоѓаат мир и се осамуваат во пустите заливи и базени. Да се биде покрај вода често има терапевтски ефект, а ликовите на Џент нè потсетуваат на нејзините смирувачки моќи. Се чини како неговите ликови да се обидуваат да ги измијат своите маки. Делата на Џент се едноставни и стилизирани, но сепак исполнети со призматични бои, и необичниот и оригинален пристап секогаш е присутен во неговите илустрации, без разлика дали работи нешто за приватни цели или за некој клиент.

Извор: hifructose.com

ОкоБоли главаВицФото