Двајцата погребници

27.08.2016 11:53

Еден погребник во Франција, превезувајќи по автопатотот кон север некој покојник, застанува да руча во еден од рестораните крај патот. Таму среќава друг погребник, колега-познајник, кој исто така застанал да руча, и кој друго тело превезува на југ. Решаваат да седнат на истата маса и да ручаат заедно.

Сведок на средбата на двајцата професионалци е Ролан Барт. Неговата покојна мајка е онаа што ја носат на југ. Тој го посматра сето тоа седејќи на посебна маса, заедно со својата сестра. Неговата мајка, се разбира, лежи надвор во погребната кола.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото