(Слушам, татни...)

30.08.2016 13:02

Слушам, татни:
се тркала сонцето како празно буре до ноќта,
се тркала смеејќи се, се тркала очевидно,
иронично, потсмешливо,
убедувајќи
непрестајно
непрестајно
се тркала...
И еве конечно уште едно вртење
уште еден потрес
и сонцето исчезнува
во црната бездна на ноќта...
Небото е покриено
со милијарди очи
сосема мали и црвени од љубомора.

Превод: П. В.

Ованес Григорјан (1945), ерменски поет, преведувач, есеист. Објавил дваесетина стихозбирки. Ја преведувал современата американска поезија, но и поетите од Прибалтикот, Азија и Африка. Самиот е преведуван на повеќе јазици.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото