Кружна молитва

31.08.2016 13:35

Точка А

Јас сум таму
каде што ти беше преѓеска,
и јас трчам, трчам по тебе
и фала Богу
што никогаш нема да те стигнам,
што ќе станеш моја
дури по смртта
моја.

 

Точка Б

Ти си таму
каде што јас бев преѓеска,
и ти трчаш,
иташ по мене
и фала Богу
што никогаш нема да ме стигнеш.
Твој ќе бидам дури по смртта
твоја.

Превод: П. В.

Левон Анањан (1946-2013), ерменски есеист, поет, преведувач. Автор е на петнаесетина книги и на голем број статии. Бил главен уредник на списанието „Гарун“, претседател на Здружените на ерменските писатели, основач на издавачката куќа „Аполон“... Преведувал од англиски и руски.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото