Кога ќе ја видам Рада на ТВ

31.08.2016 15:33
Кога ќе ја видам Рада на ТВ

Кога ќе ја видам Рада на ТВ

Кога ќе ја видам Рада на тв
било во интервју или во дебата или во парламент
ме обзема чувство на спокој, гордост, восхит и среќа.

Среќен сум што имаме ваков политичар во македонската политика.
Тоа е драгоцено, како што е непроценлива елементарна непогода
да ги имаш Грујо, Миле, Гоца и останатата банда во политиката
така е вистински благодет да имаш политичари како Радмила.

Добрите политичари се како добра кола, добар кујнски апарат,
другар без кој не можеш, добра нива, плоден добиток,
некоја крава или коза или овца која никогаш не го турка млекото,
дава по две рожби годишно, никад не се разболува
и никад не влегува во пченката на комшијата.

Лош политичар ти е како Бик кој не само што не дава млеко,
туку ќе згази едно од внуците, ќе ја бутне куќата
и ќе го отепа комшијата - за што ќе треба да идеш во затвор.
Ако не му се исечат мудата на време, ама па тогаш за кој кур ти е.

Од неа ме одзема восхит уште кога бев студент на ЕТФ пред 20 години
и фасциниран сум од нејзината значајна и прекрасна кариера.
Се восхитувам како успева да биде и мајка и магистар и успешна жена,
се гордеам што Македонија има ваков политичар -
таа може да се носи со Меркел, Хилари и Тереза Меј!

Спокоен сум кога ја слушам и гледам зашто знам дека знае што прави,
има брза мисла, итра е, издржлива и опасна.
Кога ја интервјуирав во Политико пред пет години ме изеде жив.

Ви велам, треба да сме среќни што ја имаме
и треба да си ја чуваме и да ја гласаме,
таа добро ќе се грижи за Македонија и за нас.

Като, прати им дома специјалци, хеликоптери, хермелини и тенкови!

Ката денеска ја извести јавноста:
голем дел од поканетите за распит во СЈО одговориле негативно,
демек биле зафатени, не можеле да дојдат?!

Како бе така?! Абе овие си играат играчки со нас?!
Абе Като прати им дома специјалци хеликоптери хермелини и тенкови,
испокрадоа милиони сега глумат лудило пизда им материна мафијашка!
Они за обични намештајки праќаа бригади со калаши панцири шлемови
и тоа за апсење новинари кои немаат направено голем криминал!
Што да се прати за барабиве кои ги чека 50 години робија за престапи,
серија тешки криминали, секој од нив има по барем 10 злодела на душа!

Като, не ги фермај не им се плаши и ич не ги еби два посто.
Кој не се јави сам одма праќај комбе и за уши и за раце и нозе на распит.
Има бре да го јадат стапот за сите гадости и зулуми и мајмунарии
10 години што ги правеа, банда една забегана ненормална!

Пичка ли им материна нивна милиони искрадоа
како земјава вујна им да им ја дала да ја ораат и земаат што сакаат
како да им е овоштарникот на дедо им позади село куде криво крушче.

Да ми га поздравиш Јанко Бурек кт ќе га видиш

Денеска превезов чиче од Куманово, стопираше негде кај селото Војник.
Старо, 71 година.
„Фала ти, сине, од сто едини си што застана. Од кај си, збориш скопски?“
Викам, ја сум од Шопско Рударе ама живеам во Скопје.
Новинар сум. Си чул за Саше Политико?
„Ааа, да бе, тој со Јанко Бурек што е.
Тој требаше да биде затворен порано да не дига галама,
Грујо требаше да га затвори кт ги затвори онија Љубета и Велију.“
Изгледа не ме разбра и помисли дека сум од Сител, како да се збуни.
А за Заев што мислиш?
„А он треба да биде стрелан по брза постапка.“
А за Грујо?
„Работи човек, краде али и работи, а кој работи тј и краде, нормално е тој.“
А ти дедо изгледа само Сител си гледаш?
„Ааа, синко од сабајле до вечер само Сител,
строго, немам ни даљинско, што пуштет тој си гледам.“
И после си зборевме за унуци, деца, фамилија, бавчи итн.
На крај ми остави 50 денара: „Да ти даде господ здравје и среќу.
И да ми га поздравиш Јанко Бурек кт ќе га видиш.“

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото