Институционална непогода: Упатството за земјотреси е противречно и создава недоверба

12.09.2016 02:48
Институционална непогода: Упатството за земјотреси е противречно и создава недоверба

Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси на Дирекцијата за заштита и спасување содржи противречни информации кои се збунувачки за граѓаните.

Прво, граѓаните се информираат дека „земјотресите неможе да се предвидат“ (со правописна грешка), а веднаш до таа информација стои предупредување: „Бидете свесни дека ПОСЛЕ почетните потреси многу БРЗО ДОАЃААТ и други појаки потреси.“

Многу е тешко да се поверува во двете информации истовремено. Имено, ако земјотресите не може да се предвидат, тогаш не може да се предвиди ни дали по почетните потреси ќе дојдат и други појаки потреси, како што се тврди во упатството.

Ако пак граѓаните поверуваат дека секогаш „ПОСЛЕ почетните потреси многу БРЗО ДОАЃААТ и други појаки потреси“, тогаш е многу тешко да ги испочитуваат советите „НЕ ПАНИЧЕТЕ! НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ИЗБЕГАТЕ“.

Накусо, со противречните информации кои им се пласираат на граѓаните не се создава доверба во институциите, ниту пак се спречува непотребна паника. Противречните информации кои ги збунуваат граѓаните се показател дека граѓаните на Скопје и на република Македонија не се изложени само на природна, туку и на институционална непогода.

Извор: Слободна Македонија

ОкоБоли главаВицФото