Дали треба да се пишува за Рангелова?

16.09.2016 14:01
Дали треба да се пишува за Рангелова?

Подолго време се прашувам дали треба да се пишува за некои луѓе, меѓу кои спаѓа и Рангелова. Многу е тешко да пишуваш за таквите, а да не се избламираш себеси и да се испоганиш, да не се претера со грубост и да се премине во вулгарно, токму каква што е таа. Имав прилика да ја посматрам во Советот и по ходниците на Центар околу две години. Таа комбинација на бескруполозност, безобразност, некултура, агресивност, потполно отсуство на почит кон институција и други луѓе. Несоодветна облека, несоодветно однесување, постојано провоцирање со изглед и постапки, а истовремено, таму некаде во позадина се крие ситна преплашена душа, сосема несигурна кога е сама и на само, со поглед вперен во земја. На таквите им требаат сите нивни стегнати панталони, чизми за јавање со мамузи и вратоломни потпетици, по два ајфони за да контактираат со нивната логистичка и фактичка поддршка, зашто тие сами за себе и без нив се никој и ништо, како соблечени до гола кожа без оние морничави луѓе кои им го чуваат грбот, без џиповите во кои едвај се качуваат, без потпетиците без кои се едвај метар и педесет. Обични просечни женчиња без сите фризери маникири педикири крвави туѓи пари брендирана облека чанти поголеми од нив фустани од кои се сопнуваат и два слоја шминка која ја крие сета просечност и немоќ. Кутрата. Кога ќе ги тргнеш сите помошни средства кои ја прават она што не е, останува она ништо поради кое што станала ова што е. Бескруполозно суштество.

Од Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња