Одеднаш во мртовечницата Кирчо Арсовски почна да црта!

21.09.2016 15:49
Одеднаш во мртовечницата Кирчо Арсовски почна да црта!

Еден ден Супермен, додека правеше пируети низ градот и ѕиркаше средовечни дебелонашминкани чипкасти дами низ нивните висококатни прозорци, одеднаш колабираше и умре. Се заби во поткровјето на највисоката зграда во градот кајшто се шушкаше дека се наоѓа тајното засолниште на суперхеројот Пабло. Аутопсијата покажа дека се овердозирал од вијагра комбинирана со кокаин (кога сакал да лета високо), и со хероин (кога сакал да крстосува низ градското подземје). Подоцна во мртовечницата, неговиот сеуште предозиран фалус ги осветлуваше ужалените лица на Бетмен, Мачорот Феликс, Попај (веќе во години, со бастун), неколку сомнителни влакнести госпоѓи, стотина опскурни ликови кои побегнаа од сетовите на Б-ноарите во своите раскошни костуми за луксузен разврат само за да се збогуваат со својот црвеногаќест пријател, една банда од порно прасиња кои плачеа низ своите пенисчиња и Агата Кристи, со цигара во рака, веќе одамна мртва и незаинтересирана за Поаровите салонски мустачиња. Одеднаш во мртовечницата влезе Кирчо Арсовски со огромно дилдо, си стави рокабили перика на неговата сјајна глава, го извади блокот за скицирање и почна да црта.

Цртежи: Кирчо Арсовски