На Катица Јанева

21.09.2016 18:09
На Катица Јанева

Ситуацијата стана неиздржлива. Пискотници се слушаа од Скопје до Зелениково. Морав да го прекинам одморот во Орешани и да видам што рекла Катица Јанева на МТВ. Моите импресии, дарагие друзја, се сосема различни од оние што доминираат на хистеризираната сцена:
Единствена појава на благост, природност, искреност, женственост, непосредувана добронамерност и очигледна бескорисност во расправата за општите работи од страна на висок државен служител.

Тоа е!

Сè друго е ефект на очекувањата од интервјуто многу повеќе отколку од самото интервју, проекции на усраните криминалци и на амбициозните и невешти аспиранти што ги носи малку страста, малку правдољубивоста, малку очекувањата...

Општеството е опасно хистеризирано до нивото на кое се плашам дека не е повеќе во состојба да носи разумни решенија.

Моите симпатии сега се на страната на Јанева повеќе отколу што беа пред оваа парада на малограѓанштината, расипаноста, злобата, хистерија... што се просерува околу нејзиното интервју.

Специјалната обвинителка би морала повеќе да води сметка за деталите околу медиумските настапи, но суштината не е во деталите, не е ниту во парадата, туку во зрачењето на правдата и правдољубивоста.

Поздрав Катице!

Не дозволувај да те растревожат медиумските маршеви на злотворите.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња