Со велосипед и на 90 години!

23.09.16 09:54

Кратко, инспиративно видео за 90-годишната Елена Галвез од Чиле, која има своја живинарска фарма и секој ден вози триесетина километри со велосипед, за да продава јајца. Заработува за живот на овој начин повеќе од четириесет години.

„Немам живот без мојот велосипед!“, порачува 90-годишната Елена. Таа вели дека нозете обично ја болат, но кога е на велосипед не чувствува никаква болка и ја смета оваа физичка активност за клуч на доброто здравје и долговечноста.

 

ОкоБоли главаВицФото