Заплетеност

24.09.2016 15:15

Сè е скриено, покриено,
сè во себе завиено,
во јазлите на јазикот.

Бели лотоси слетаа
на огледало задремано.

И пред нас и зад нас,
и под нас и над нас,
во волуменот набабрен.

Пурпурни лотоси пловат
на огледало заиграно.

Сè истекува и дотекува,
сè се издига и се сронува,
во јаслите на животот.

Сини лотоси одлетаа
од огледало лелеаво.

Наоколу до нас
и длабоко во нас
струните ветрови,
сончевите струни,
смртта ги отплетува.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото