В понеделник Шарената револуција на собир за поддршка на СЈО

25.09.2016 14:45
В понеделник Шарената револуција на собир за поддршка на СЈО

В понеделник, Шарената револуција ќе излезе на собир за поддршка на СЈО. Во 17 часот, пред Собранието ќе започне настанот за поддршка на оваа институција.

– Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото што беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд сè уште нема закажано седница на која ќе се разгледува иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и на свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат само за дискредитација на Катица Јанева и на институцијата што таа ја претставува“, пишува во повикот за собир објавен на Фејсбук профилот.

Организаторите велат дека на СЈО повторно му е потребна помош од граѓаните и не смее режимот да помисли дека СЈО повеќе ја нема поддршката на граѓаните.

Извор: НоваТВ

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото