(Видео) Тетовирање со Симон Капчев

26.09.2016 10:00
(Видео) Тетовирање со Симон Капчев

Кога станува збор за тетовирање (не за филмот), тивко се радуваме што сè поголем број луѓе се решаваат на овој потег. Се радуваме на генерацијата тетовирани кои гордо ги носат своите тетоважи, а не ги тегнат ракавите на маиците за да ги сокријат моментите на глупавост од своето детство.

Ако некогаш тетоважата била симбол на моторџиите, морнарите и Yakuza мафијата, денес нема некој прототип за тетовираниот човек, од дизајнери и јога-учители до банкари и адвокати.

Во меѓувреме, оние кои нè тетовираат прекинавме да ги викаме „другарот од војска“ и ги нарековме тату-артисти. Вистински уметници, затоа што тоа се.

Во оваа прилика поразговаравме со еден од најискусните тату артисти кај нас, Симон Капчев, кој не само што има супер-успешна кариера, туку уште поважно, е човекот кој го има тетовирано скоро-цел Reborn тим.

 

Тетовирање со Симон Капчев from Reborn on Vimeo.

Камера, монтажа и продукција: Елена Героска / Димитар Попов / ReProduction

Извор: www.reborn.mk