Робинзонада

03.06.2010 10:31
Робинзонада

Во славниот анимиран филм Шрек (2001) го запознавме деспотскиот владател, лордот Фаркад, кој донесува закон „сите суштества од бајките“ да бидат проследени до властите, оти во неговата совршена држава нема место за „изродите“.

Потоа тие „изроди и предавници“ треба да бидат сместени во посебни логори, надвор од контролибилниот свет на Фаркад опседнат со своето магично огледало. „Бајковидните елементи“, Пинокио, трите прасиња и Магарето, треба да бидат натрупани во камиони и избркани.

Иако некои велат дека македонската стварност сè уште не е сосема преселена во филмот „Еднооки“ (кој ја обработува класичната тема: слепец ја води еднооката толпа во бездна), некои сличности со Шрек „бодат очи“: и кај нас власта не ги толерира изместените (од светот на власта) „изроди и предавници“, иако токму нашата стварност креирана од изместени умови наликува на страшна бајка. Оние што не веруваат во сценографските атракции на водачот (барокни згради, споменички етно паркови, восочни фигури, дваесетметарски „татко на нацијата“ наденат на главниот плоштад, итн.), како Пинокио и трите прасиња во Шрек ќе треба да си ги подвиткаат опашите и во најмала рака да се самоизолираат од живата бајка на националната мајка, овдешниот Фаркад длабоко загледан (изгубен) во магичното огледало на сопственото величие.

Велам, најапсурдно во нашиот случај е што симулаторите на големиот Македонец, креаторите на фантазмагоричната слика за над-нацијата (слика создадена од неселективно гледање на филмовите на Тим Бартон во комбинација со пиење ракија „антика“), токму оние што го оддалечуваат современиот македонски граѓанин од неговиот регионален и европски контекст - токму тие велат дека спротиставувачите на националната бајка треба да бидат исфрлени од сликата како „нестварни елементи“.

Можеби робинзонада, а не бајка, е попрецизното жанровско именување на сликата во која прокрустовски нè буткаат да се сликаме („пред да се замразиме“).

Робинзонада е приказна во која луѓето ги замислуваат прапочетоците на своите општества. Наречена е така според романот за бродоломецот Робинзон Крусо, на Даниел Дефо. Во робинзонадите најчесто се прикажуваат групи луѓе во состојба на изолираност од поширокото човечко општество, а дејството најчесто се случува на пуст остров или во сличен амбиент (за современа филмска робинзонада сигурно може да се прогласи култната серија Lost; големи книжевни робинзонади создавале Жил Верн - Мистериозниот остров, Велс - Островот на доктор Моро, Киплинг - Книга на џунглата, Голдинг - Господарот на мувите итн).

Како што истакнува Маркс во „Увод во критиката на политичката економија“, секоја епоха создава свои робинзонади. Нашава робинзонада е стварно чудна: комбинација од Шрек, Lost, Солунските атентатори и Македонска крвава свадба... Комбинација од најтврдо исфантазиран национализам со најригиден комунизам.

Се распишува, божем, конкурс за уредување на строгиот центар на Скопје, а власта пропишала и нацртала сè! За да укажам на сличностите меѓу времето некогашно и времето сегашно, ќе ја раскажам, за крај, најславната социјалистичка робинзонада, „Како е создаден Робинзон“, напишана од Иљф и Петров.

Нејзиното дејствие се случува во Советскиот сојуз во раните триесетти години на дваесеттиот век. Еве ја безвременската матрица како власта нарачува згради, слики, скулптури, нации, идентитети и приказни:
Сакајќи читателите подолгорочно да ги врзе за списанието, уредниците на еден младински магазин решиле да објавуваат роман во продолженија. Нашле писател којшто добил задача да напише советска робинзонада. Наскоро во редакцијата пристигнала приказна за советско момче кое по бродолом се спасило на пуст остров. Момчето успеало да ги совлада сите искушенија - дивите животни, егзотичните растенија, дождовниот период итн. - за после три години да го пронајде една советска експедиција. Романот бил успешен, но главниот уредник бил незадоволен. Во приказната тој не препознал ништо вистински советско, во неа немало ни трага од советската стварност: „А каде е тука локалниот комитет, што е со водечката улога на синдикатот...“

Требало приказната да се преправи. Во новата верзија уште еден лик се спасува по бродоломот на пустиот остров: претседателот на локалниот партиски комитет.

Ама, главниот уредник и понатаму бил незадоволен. Тој посакал повеќе луѓе на островот, барем уште двајца членови на Партијата и една благајничка која ја собира партиската членарина. Писателот прифатил да ги внесе и тие промени, но инсистирал да има љубовна приказна помеѓу Робинзон и благајничката. Главниот уредник бил решително против тоа („нездрава булеварска еротика“), но затоа сакал членарината да се чува во огноотпорна благајна. Писателот така морал да се потруди брановите на островот да исфрлат и огноотпорна благајна. И тоа не било доволно. На островот требало да се одржуваат и редовни партиски состаноци. Потребни биле, значи, уште и маса, чаршаф, стомна со вода и ѕвонче. Но, ни тоа не било сè. На главниот уредник му недостасувале и широките маси, „сите слоеви на работниот народ“. Така од ненаселен остров настанал полуостров.

Понатаму, се откажале и од бродоломот, а најпосле и од самиот Робинзон, со оглед на тоа што тој и онака претставувал несоодветен лик на еден постојано незадоволен човек. Уредникот конечно бил задоволен.

Извор: Глобус, 02.06.10.

слики
Robinson Crusoe 1735. (Foto: Universiteitsbibliotheek Amsterdam)
Centsprent Brepols N 136 (Waller port. C2). (Foto: Rijksmuseumstichting Amsterdam)

 во сета мака- се изнасмеав

 во сета мака- се изнасмеав на последната приказна. тотално апсурдна и тотално реална.

Auuu samo sto pomisliv deka

Auuu samo sto pomisliv deka resi nesto novo da pisuvas, posle prvite nekolku redovi povtorno i povtorno pak za spomenicite:(...se otkazav od citanje. Ke pocekam uste nekoj mesec, se nadevam ke procitam nesto porazlicno.

Викате, Анонимен, досадно ова

Викате, Анонимен, досадно ова со споменициве? Поинтересно се адреналинските инекции на власта, билдањето празен патриотизам (а регистар касите на „патриотите“ штракаат ли штракаат), апсењата и кампањите...
Анонимен идиоту, простете што ве нарекувам идиот, но антиквизацијата е еден од најстрашните удари на македонската државност. Скопје 2014 е круна на проектот на антиквизацијата, смислен во грчко-егејските (па и српски) служби за уништување на Македонецот. Боксерот-статист (интелигенција пониска од бројот на чевлите што ги носи) е само извршител на еден од најпогубните проекти контра македонштината од 45 навака. Саде идиоти се собрани околу проектот на боксерот-статист: од Јадибурек до Томиќ (виа Латас-Миленко-Мирка-Вангел Божиновски-Паско Кузман), се’ луѓе чиишто политички и умствени капацитети ги збира една кафена тацна. Важно, вас десперадосите, ве имаат нас’скано ко кучиња пред борба. Машала! Ем ќе ви ги исцицаат, на вас бедните, нишчите, гревот македонски, последните копејки, ем за навек ќе ја закопаат идејата за еманципирана и цивилизирана европска Македонија...
Глејте Сител и МТВ, Анонимен идиоту, таму е многу поинтересно...

 Па нели се спомениците на

 Па нели се спомениците на одлика на цивилизираност и европеизација. Во Европа ги има насекаде. Кога одиме на туристички екскурзии низ Европа плаќаме за да ги видиме истите ти популистички идеи на некој владетели од минатото кој и покрај тоа што народот немал да јаде леб им сугерирале да јадат колачи и пак продолжувале да градат споменици. Не верувам дека египјаните доброволно и сосем со здрав разум решиле да прават зданија високи десетици метри. 

ОкоБоли главаВицФото