Подобриот живот на граѓаните започна на тајна локација

07.10.2016 10:16
Подобриот живот на граѓаните започна на тајна локација

Македонија, 7 октомври 2016

На тајна локација, некаде на територијата на Република Македонија, забележан е голем раст на стандардот на македонските граѓани, јавуваат извори од лице место.

Како што дознаваме неофицијално, на местото кое само добро упатените можат да го пронајдат, се живее сè подобро и подобро, а просечните плати овозможуваат живот достоен за едно човечко суштество.

Се претпоставува, врз основа на штурите информации до кои дојдовме, дека за ова место може да се дознае и потоа да се дојде до него само по препорака на оние кои веќе стигнале до него на истиот начин, по принципот „кој треба, ќе дознае“.

Локацијата не е видно обележана, а не е ниту впишана на мапата на Република Македонија, поради заштита на приватноста на подобриот живот.

Граѓаните за кои неосновано се сомнева дека живеат на оваа засега непозната локација имаат можност да го планираат својот живот однапред, да остават нешто од својата заработувачка на страна, да не се оптоваруваат со дневнополитичките теми, како и со политичките и економските кризи.

Адаптирано од: www.njuz.net
Слика: ШкАрт