Борба

11.10.2016 12:40
Борба

Уши ми бучат, бучат и глу’нат
грло ме стега - суши го сушат,
како у котел крвта ми врие
и сет играам и сет треперам,
а срце лудо у гради бие
и пот ме лие
и бес ме факја -
На борба ве поробени бракја,
На борба... или - не се померам,
ке штукнам, море, од пуста мака,
и не ке можам да се соберам,
не ке си дојдам веке при себе,
не ке да трчам и да се катерам,
по тиа гори китни високи,
не ке да викам песни бунтовни,
за крв, слободи, рани длбоки,
клчки ке блуам, лека ке тлеам,
за младост бујна срце ке плака
а ја ке мреам!
Никога нема да ја запеам,
никога нема гради да згреам,
никога нема моата рака,
да фане верна пушка ајдушка!...

Како у котел крвта ми врие
и сет играам и сет треперам,
а срце лудо у гради бие
и пот ме лие
и бес ме факја -
На борба вие поробени бракја

Ја да фркам, горам, од лута борба,
не стои глава веке у торба,
не гледат очи срамови тешки,
не носат зулум свиени.

Ја сакам да бидам,
Ја сакам да видам,
крв, кокали, глави, раскинати црева,
тамо дека вечно грмеж одзева,
дека прскат бумби, картешници ржат,
тамо-дека како снопја покосени
пагјат мојте бракја-мили, усми’нати
у крв потопени...

Сал тоа да видам,
сал тамо да бидам,
сред арсланска борба, знаме да развиам,
бунтовничка песна да викнам, запеам,
и после да паднам од куршум пронизан,
за да заживеам...

Извор: Ацо Шопов, Песни, Млад Борец, 1944. (Репринт: Сигмапрес, 2014, Скопје)

Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции.

Фотографија: Ацо Шопов за време на НОБ

ОкоБоли главаВицФото