Чекајќи за Тамара

14.10.2016 01:54
Чекајќи за Тамара

Проголтана од темнината, прегазена од лажната светлина од „Тоа на М“, од животот ѝ остана само болката и бледата слика на она што беа.

Лажната светлина се обидува да продре низ човечкото и да ја преслика болката во само бројка, во уште една безначајна шифра на вагонот.

Лажната светлина, чиј позлатен сјај го влече од илјадницитe евра украдени од рацете на оние со мака, заборава дека не може да помине низ црнилото и болката која што самата таа ги предизвикала.

Човечкото ќе опстои, ќе стои простум, до последната светлина од последниот лажен златен сјај од последното ускратено евро, после кој ќе блесне праведна и добродушна светлина од која децата и родителите нема да се чувствуваат така беспомошно.

Велес, октомври 2016

Жаклина Д., Димитри Г., Роберт П.

„Тоа на М - по патот на хипокризијата и солидарноста“

(Статијата „Чекајќи за Тамара “ е дел од статиите на З.Р.А. „Аква“од Струга со кои учејќи за другите, правиме обид да се подобриме себе си. Институционален развој поддржан од Цивика Мобилитас.)

ОкоБоли главаВицФото