Мизо: Странските инвестиции отворија катаљарда нови работни места

15.10.2016 12:17
Мизо: Странските инвестиции отворија катаљарда нови работни места

Скопје, 15 октомври 2016

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо во дискусијата „Катаљарда нови работни места“ истакна дека инвестирањето на непостојните странски компании влијаело на намалувањето на невработеноста.

„Намалувањето на невработеноста од 38 на нула проценти е многу важна“, истакна Мизо и додаде дека потоа ќе следува и лажно зголемување на платите.

Како што посочи тој, непостојните странски компании досега имаат создадено катаљарда работни места, а до крајот на годината се очекува бројката да достигне и до две катаљарди.

„Активно работиме и преговараме со многу компании. Можам да кажам дека до крајот на ноември очекуваме позитивни одлуки уште од илјада компании. Не можам да споделувам имиња, бидејќи во моментов ме мрзи да ги измислувам, но бидете уверени дека во утрешното соопштение ќе се најдат стотици имиња на многу компании што треба да создадат впечаток дека економијата ни се придвижува во позитивна насока“, рече Мизо. 

Тој потенцираше и дека придобивките од измислените странски компании се и тоа што тие соработуваат со реалните домашни фирми и оти на тој начин почнува да се раздвижува и зачмаениот пазар на труд, а што е уште поважно, лажно се зголемува и извозот и се извезуваат измислени производи, што не било случај во комунизмот.

Според него, многу е важно и тоа што непостојните компании што инвестираат не се фокусираат само во Скопје, туку во повеќе градови, а тоа овозможува, како што рече, младите да се задржат тука.