99,9 и 102% од странските компании во земјава задоволни од бизнис климата

18.10.2016 10:54
99,9 и 102% од странските компании во земјава задоволни од бизнис климата

Скопје, 18 октомври 2016

99,9 и 102 отсто од странските компании во земјава задоволни од бизнис климата, а 100 проценти од нив повторно би ја избрале Македонија како дестинација за да ги реализираат своите бизнис планови.

Над 99 отсто од нив го зголемиле своето производство, а над 101 процент најавиле проширување на производствените линии.

Ова го покажува најновата анкета спроведена изминативе три дена на 30 странски инвеститори од сите индустрии. Како најповолни услови тие ги посочиле ниските трошоци за водење бизнис, нископлатената квалификувана работна сила, добриот однос на корумпираните институции, како и географската локација на земјата, односно близината до европскиот пазар.

Најголем дел од инвеститорите на своите партнери би им ја препорачале Македонија како сигурна дестинација за перење пари.

До крајот на годинава бројот на отворени работни места кај инвеститорите ќе достигне до една катаљарда, а во наредните години и до две катаљарди.