Телегонија - кога вашето бебе наликува на поранешниот партнер

19.10.2016 00:18
Телегонија - кога вашето бебе наликува на поранешниот партнер

Доколку некогаш се најдете во породилното одделение слушајќи ја конверзацијата меѓу новите горди родители, сигурно ќе имате прилика да слушнете како разговараат за генетското наследство на своите деца. Дали новороденото бебе ги има нејзините или неговите очи? Можно ли е да го наследил големиот нос на чичко Чарли? Она што сигурно нема да го слушнете и посведочите е моментот во кој таткото нежно ѝ се обраќа на мајката и промрморува: „Еј, тој личи на Фил! Знаеш на кој мислам, нели? На твојот поранешен партнер, оној со моторот и социопатските тенденции, ти текнува?“ Ваквата реплика можеби звучи чудно, но едно ново истражување сугерира дека ова сценарио е многу поверојатно отколку што се чини.

Се покажа дека новороденчињата можат да наликуваат на претходниот сексуален партнер на мајката, откако научниците на Универзитетот во Јужен Велс забележале пример на телегонија - физички карактеристики на претходните сексуални партнери кои се пренесуваат на идните деца.

Истражувачите откриле дека кај мувите, големината на потомците се совпаѓа со големината на првиот машки инсект со кој мајката се спарила, а не со биолошкиот татко. Се смета дека молекулите на семената течност произведена од страна на првиот партнер може да се апсорбира во незрелите јајца на мајката.

„Сè уште не знаеме дали тоа важи и за другите видови“ – објаснува авторот на студијата, д-р Анџела Крин. Премногу доцна дојдовте до ова откритие д-р Крин! Јас веќе работам на Powerpoint презентација на мои бивши, и се обидувам да утврдам дали можам да отпатувам назад во времето со кутија Durex.

Идејата за нашите неродени деца кои наликуваат на партнери од минатото првично може да нè исполни со ужас, без разлика колку пријателски завршила вашата врска. Сигурно не ви паднало на ум дека е можно вашиот поранешен партнер да дреме во вашата утроба, чекајќи да се овоплоти во минијатурна форма. Оваа идеја е пострашна и од појава на вонземјанин.

Ако е точно дека првиот партнер е клучен, ако неговата сперма навлегува во недоволно развиените јајце клетки и дреме таму, тогаш невиноста одново добива огромна важност; првиот што штцрнал во тебе, се вгнездил таму за вјек и вјеков...

Сигурен сум дека многу идни мајки се чувствуваат неверојатно виновни во врска со фактот дека тие можеби несвесно го испополнуваат светот со деца кои си го бришат носот со ракави, тврдат дека тие имаат морални приговори во врска со правење резервација во ресторани, и осмата буква од азбуката ја изговараат како „haitch“.

Како и да е, ако претпоставката држи вода, не мора да значи дека тоа е лоша вест. Без разлика дали ни се допаѓа или не, луѓето со кои одбираме да излегуваме и да спиеме, се одраз на некој дел од самите нас. Не е лесно да ги отпишеме минатите врски на ист начин како што се згрозуваме од старите слики на кои сме облечени во стар, избелеан тексас. „Јас од минатото сум бил голем идиот!“ – често си помислувам. Но, би требало на нашите стари јаства да им дадеме повеќе кредибилитет, затоа што го правеле она што се чинело вистинско да се направи во тоа време - или барем да се признае фактот дека секоја одлука која во одреден момент може да се чини правилна, за пет години може да ни изгледа глупаво.

Доколку вашите деца имаат некои карактеристики на поранешните партнери, веројатно тоа само го покажува начинот на кој претходно на вас влијаела нивната природа. Ние сме кревки човечки суштества, и бидејќи се соочуваме со тешки избори, правиме и грешки, па начинот на кој сме се однесувале пред тие да се родат може исто така да влијае врз нив.

Во суштина, мора да прифатите дека вашите стари партнери имале и прекрасни квалитети кои ве привлекле кон нив на прво место, и дека би требало да бидете среќни што тие ќе преминат кај детето - или мора да признаете дека вашиот сегашен партнер можеби исто така има лоши страни. Во спротивно, доколку се фокусираме само на негативните страни, ќе испадне дека е подобро да немаме деца со никого.

И покрај тоа што сè уште нема цврсти докази дека студијата се однесува на човечката репродукција, малите деца и поранешните партнери можат да бидат подеднакво иритантни. Се подготвувате за спиење, изморени и психички истрошени, и го погледунувате свежо искапеното дете кое штотуку почнува да го масира скалпот со шпагети, па си помислувате: „Mојот поранешен партнер правеше да се чувствувам вака панично! Ова мора да е негово бебе!“ И кога тие реaлно немаат нешто заедничко, вашето бебе ве потсетува на поранешниот партнер бидејќи се однесувал како големо бебе.

На крајот на краиштата, од вас зависи дали сопственото дете ќе го научите да биде одговорен граѓанин и среќно човечко суштество. Можеби не сте имале моќ да ги промените најлошите навики на вашиот поранешен партнер, но доколку теоријата за телегонијата е точна, можете да најдете некое задоволство во преземањето контрола на начинот на кој се однесуваат неговите потомци.

Слика: Alamy

Извор: www.theguardian.com