Шешири инспирирани од делата на Анри Матис

20.10.2016 01:50
Шешири инспирирани од делата на Хенри Матис

Лаура Апсит Ливенс е една од оние уметници кои делата на големите сликари ги користат како значаен извор на инспирација и на тој начин одново ги осмислуваат и пресоздаваат модата и дизајнот. За оваа елегантна колекција на шапки, модната дизајнерка која живее и работи во Лондон се инспирирала од колоритните и контрастни графики на генијалниот уметник Анри Матис. Разнобојните модни додатоци во различни форми со кои се декорирани шеширите со еднобојна основа можат да се менуваат според желбата на оној кој ги носи, за да се ускладат со секое различно парче облека.

Извор: www.fubiz.net