До Ана Блуме

21.10.2016 13:18
До Ана Блуме

Ох, ти љубовнице на моите 27 сетила, ти сакам!
Ти, твоја, тебе те, тебе ти, јас тебе ти, ти мене ми - ние?
Тоа впрочем од некој друг извор вода пие!

Која си ти никогаш наброена жено, ти си, дали си ти?
Луѓето велат ти би била.
Пушти ги да зборуваат, тие не сфаќаат како камбанаријата се крева.

Си ја носиш шапката на нозете и на раце се шеташ без да преташ
на раце се штеташ.

Здраво, твоја црвена облеко испресечена со бели дипли,
црвена како Ана Блуме, црвена ти ја сакам.
Ти, твоја, тебе те, тебе ти, јас тебе ти, ти мене ми - ние?
Тоа впрочем со студенило врие!
Ана Блуме, црвена Ана Блуме, како велат луѓето?

       Наградно прашање:
       1. Ана Блуме има птичка
       2. Ана Блуме е црвена
       3. Каква боја има птичката?

Сино е бојата на твојата жолта коса,
црвено е бојата на твојата зелена птичка,
ти едноставна девојко во секојдневен фустан,
ти драго зелено животно, јас ти сакам!

Ти, твоја, тебе те, тебе ти, јас тебе ти, ти мене ми - ние?
Тоа впрочем во жешката печка се крие.

Ана Блуме, Ана, А - Н - А !
Го накапувам твоето име.
Твоето име капе како говедски лој.

Го знаеш ли тоа Ана, го знаеш ли веќе,
човек може да те чита и одзади.
А ти, најбожествена од сите,
ти си одзади како и однапред:
А - Н - А .
Говедскиот лој капе ГАЛОВНОСТ врз мојот грб.
Ана Блуме,
капкасто животно,
ти сакам!

Препев: Влада Урошевиќ
Колаж: Курт Швитерс

Курт Швитерс (1887-1948), германски ликовен уметник и дадаист, познат по тоа што создавал уметност од отпад. Кон крајот на 1918, во Хановер Швитерс создава ново движење блиско до дадаизмот - Мерц. Денес пред сè е познат по своите колажи, а не по тоа што пишувал поезија, но своевремено песната „До Ана Блуме“ доживува огромен успех.

ОкоБоли главаВицФото