како и да е

25.10.2016 11:40

се возам во лифтови на мојот 30-ти роденден
некаде ти си сите мои директни пораки и
мало пијанство со тебе во воз би било фино
како и да е го светнаа подот на музејот
па стапалката ми е е насекаде на мојот 30-ти роденден
и отпечатоците на ѓонот сигурно се убави

некаде сум змеј од хартија кој ти го џиткаш во песок

сепак
како и да е се потам во музејот осамен
некаде не се потам ниту допирам пеперуги во
заграден простор
доближи ги твоите животински делови
до мојот 30-ти роденден
слободно

како и да е дистанцата меѓу нас не се намалува
сепак
како и да е твоите колена наутро


некаде се потам тивко учам како да уловам пеперуга
на мојот 30-ти роденден
откако за малку ќе нагазев на неа
има пупки со нас овде
допри ми ги градите во фантазијата

како и да е тргни го ременот со мене
на мојот 30-ти роденден

сепак
некаде јас се потам гледајќи како кројот на твојот градник
го усложнува предниот дел на блузата

не прекинувај никогаш

Превод: Ивана Галапчева

Оригиналната песна

Криспин Бест живее во Лондон, а онлајн може да го најдете на следната адреса: www.crispinbest.com. Неговата поезија е објавувана во разни списанија, меѓу кои и Најдобрата британска поезија во 2015 година, Квајатус, Дејзд енд канфјузд... Бест својата поезија ја претставувал и во Њујорк, Чикаго, Берлин, Мелбурн, Единбург и Лондон.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото