Државата ќе им дава субвенции на младите кои сакаат да основаат партија

26.10.2016 02:43
Државата ќе им дава субвенции на младите кои сакаат да основаат партија

Скопје, 26 октомври 2016

Државата од 1 ноември ќе почне да им доделува субвенции на сите млади кои сакаат да основаат своја партија, соопштуваат од Министерството за финансии.

Според зборовите на министерот Кирил Миноски, со оваа одлука државата сака да ги мотивира младите да преземат одговорност за својата иднина во време кога владее голема невработеност на непартиските лица.

„Секоја новооснована партија е можност за вдомување на сите оние кои не можат или не сакаат да најдат некоја нормална работа на која мора да се работи. Партиите се развоен потенцијал на идните мали и средни политичари, зашто претставуваат профитабилен бизнис, дури и кога не се ликвидни, и овозможуваат удобен живот полн со бенефиции за сите свои членови“, објасни министерот за финансии Миноски и додаде дека првите 10 членови на партијата ќе бидат ослободени од плаќање членарина, како и од данок на државата.

Кирил Миноски им порача на странските инвеститори да дојдат и да ги вложат своите пари во стартапи кои имаат идеја за основање партија.

„Многу големи партии настанале во гаражите на иновативните луѓе. На тој начин и поранешниот премиер ја основа најголемата партија во Македонија – ако не го сметаме Љубчо Георгиевски како основач - без ничија финансиска помош, а погледнете каде е денес и што прави“, заклучи министерот за финансии.

Адаптирано од: www.njuz.net
Слика: Свирачиња