Рапорт од драмолетката во судот со Куртон Латас

26.10.2016 11:46
Рапорт од драмолетката во судот со Куртон Латас

Вчера беше ден за испитување на тужителот и тужениот и за поднесување докази во судскиот процес по тужбата на Латас кон мене и Мактел за наводна клевета и навреда.

Латас нè тужи дека сме го навредиле со тоа што сме го нарекле курва и сме го наклеветиле со објавувањето на старата аудио снимка во која зборува дека Љубчо ќе го ебе Грујо откако овој ја презеде партијата од него.

Сторијата на Мактел беше објавена 2013 година.

Прв збор зеде Латас. Се качи на пултот и со многу нервоза, гнев и горчина ме навредуваше како јас сум бил закана за општеството?!

Сум го навредувал неговиот лик и дело, тој бил многу почитувана личност во општеството?!

Веќе тука се забележуваа првите насмевки на поротниците, но допрва следуваше вистинското шоу.

Откако јас зедов збор, реков:

- Почитуван суде, тоа што сме го нарекле курва во 2013 е само цитат на неговите зборови во емисијата на Јанко Бурек, кој во емисија во 2012 - за што имате приложена снимка и транскрипт - сам за себе вели дека е стара курва, за потоа да додаде дека за разлика од него, другите сите ги ебат, но не ги плаќаат, што наведува на заклучок дека него го ебат, ама ем добро го плаќаат.

На ова настана хаос во судот! Поротниците и судските службеници прснаа да се смеат, додека тимот на Латас (кој беше дојден со ДВАЈЦА?! адвокати од кои еден беше лично Анита Бегова, што е нетипично, досега таа праќала само свои асистенти, но денеска таа дојде лично со свој асистент кој седеше позади мене и гледаше во моите докази, а оваа однапред со Латас, реагираа на моите зборови и искази) почна да вреска, летаа листови и пенкала, буквално собичето еруптираше како тенџере со пуканки.

Јас си продолжив.

- Суде, значи ние само сме ги повториле зборовите на самиот Латас, се извинувам за вулгарноста, но тој ова го изјавил на национална телевизија во емисија во живо, значи, да повторам, тој за себе вели - Јас сум стара курва, другите ги ебат за без пари цело време, што алудира, суде, дека него го ебат ама за добри пари.

Пак хаос! Лудило во судницата!

Потоа продолжив:

- Што се однесува до снимката која ние сме ја реобјавиле во 2013, таа била објавена во 2011 и веќе имала 100.000 прегледувања. Зошто Латас дотогаш не реагирал ако не е точна и ако е измислена? И ние не сме ја создале и објавиле, само сме ја реобјавиле цели 100 години откако е објавена на интернет и тоа од некој друг. А што се однесува до автентичноста, самиот тужител во емисијата на Јанко Бурек во 2015 ја признава автентичноста на снимката, вели дека тој е прв кој е прислушкуван и објавен на интернет, признава дека е снимен како зборува со Ѕинго Мал, значи тој во емисја во живо на национална телевизија ја признава автентичноста на снимката, а сега мене ме тужи за истата, тоа нема логика, почитуван судија.

Пак хаос во судницата. Подоцна адвокатот ми кажа додека сум зборувал, Латас се тресел од нервоза, устата му се клатела како хауба на стар камион Фап, и затоа при крај на моето излагање тој ги изгуби нервите и почна да ме пцуе и да ме навредува мене и моето семејство, и тоа пред судија во сред суд?!?!

Пазете ја таа иронија, тој мене ме тужи за навреда со тоа што сум цитирал негови зборови, и додека го прави тоа, ме пцуе и навредува во сред суд, пред судија во судски процес?!?! Колку е ова лудо, дечки?!?!

Морам да признаам дека кога слушнав како ми ги пцуе жената и детето, малку се стресов и си помислив да го решам копилето еднаш засекогаш, но јбг, свеста ми велеше дека не вреди тоа мало купче човечко ткиво за да скапувам во затвор и моето синче да пати по мене и да нема доволно јадење за мешето, затоа што ја не сум успеал да се воздржам да уништам една бува, една вошка малечка...

Потоа, кога заврши целата таа збрка, излеговме од судницата заедо со тимот на Латас, и тој одеше баш позади мене цело време од трети спрат сè до излезот надвор од судот, едни долги 10 минути одевме заедно во една мртва тишина, сите 5-6 души, адвокатите мои и негови, и ние одевме во една мртва тишина, очекував Латас да ескплодира и да почнеме да се тркаламе по скалите заедно, ќе беше како на филм...

Откако заврши сето тоа, подоцна, си мислев цел ден и не ми беше јасно. Ова копиле болно помага режим кој ме остави без работа, на улица, ме избрка од Наша ТВ поради политичка некорекнтост. Потоа бев тепан, па тужен, па оставен без реклами и без пари. За тоа време Латас зема тешки дебели пари од нашиот џеб, при што не се срами, дури и сам си признава дека е курва новинарска. И сега јас кога напишав критика за тоа и си се пожалив за тоа што ме снајде, копилето ме тужи на огромна сума, па дури и ме пцуе и ми го навредува семејството во суд?!?!

Замислете кое е ова незапамтено копиле лудо и нездраво?!?!

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња