Термопили

08.11.2016 17:14

Сите не го прифативме даденото,
Сите не го сакаме украденото.
Подобро е да си човек отколку свиња.
Сите не сме снисходливи џуџиња.

На сите идол не ни се парите,
бесните коли и лесните жени.
Со ѓаволот нема да нè спарите
и на душите да ни залепите цени.

Монструмите излезени од дупките
Можеби нема да ги убедиме,
Но животот нема да го жалиме
сè додека не ги победиме.

Препев: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото