„Симпсонови“ го најавија Трамп пред 16 години

09.11.2016 12:58
„Симпсонови“ го најавија Трамп пред 16 години

„Симпсонови“ многу пати успеаја да ја предвидат иднината, но дури ни творците на оваа култна серија веројатно не претпоставуваа дека 16 години порано ќе го „видат“ претседателот на САД.

По победата на Доналд Трамп на изборите за претседател во САД, вреди да се потсетиме на епизодата „Bart to the Future“ која е емитувана во март 2000 година.

Ден Грини, сценаристот на „Симпсонови“, за Hollywood Reporter вели: „Тоа беше предупредување за Америка. Изледаше како логичен чекор пред да го допреме дното. Тоа сценарио го употребивме зашто се совпаѓа со ситуацијата во која Америка го губи разумот“.

И Мет Гроинг се согласува:

„Предвидовме дека ќе биде претседател уште во 2000, но Трамп секако беше најапсурдниот можен лик, име кое служеше за потсмев во тоа време и тоа важи и понатаму. Тоа е повеќе од сатира“, рече тој.

Извор: Danas