Поглед од дното

09.11.2016 13:31

Едни мислат дека сеуште има надеж
Додека уште може да се краде.
Но што ќе правиме кога за да се опстане
и на ѓубриштата ништо нема да остане?

Други велат: за потези прави
Треба да се засукаат ракави.
Но што ќе правиме, брате слатки,
Кога ракавите одамна се кратки?

Третите склони кон ордени и слава
Во лифт ја сместуваат жилавата глава,
Надевајќи се до врвот додека стигнат
И дигалката патем да ни ја дигнат.

А четвртите наместо да крикнат,
Ќе сочекаат на дното да се навикнат!
Па ќе фатат во рацете четки
За да нема толку мрачни глетки!

Препев: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото