Осудени на командоси

10.06.2010 11:56
Осудени на командоси

Израелската пасивно-агресивна реакција на „кризата со конвојот“ станува појасна ако се потсетиме на потеклото на нашето водство. Мислам на премиерот и министерот за одбрана како јасни „производи на воените акции“.

Обајцата се обликувани од менталитетот на јунаштвото на брзите воени дејствија и духот на командосот – етос во кој војничкиот дух се јавува во кризите како deus ex machina да ги реши сите компликации со колеж. Јавниот лик на Ехуд Барак почива на воената кација за ослобоување на грабнатиот авион на Сабен, во која е сликан како мавта со пиштол на крилото на авионот. Политичката кариера на Бенјамин Нетанјаху не можеме да ја замислиме без „операцијата Ентеби“ и митот кој го обвива загинувањето на неговиот брат Јони – воодушевувачка операција полна со електрицитет, чиј успех и херојска инспирација беа доволни за братот Бенјамин да заблеска како „Мистер Терор“ и ветеран на елитните единици на израелската војска.

Операциите со брзи дејствија од 70-те беа видени како продолжение на големите и фантастични операции од Шестдневната војна; и иако поминаа децении откако во нашите вени беше вметнат религиозниот морален код – нашите водачи никако да се откажат од обидите да го обноват воинствениот дух како покритие за сопствената државничка неспособност. Како што пропаднатите операции се менуваа една по друга – така растеше силната желба за нова операција на слободување која повторно ќе даде нов материјал за лоши трауми и лош трип. Секогаш изгледаше дека во следниот круг „ќе го зададеме завршниот удар“: ако не во Либан, тогаш во Газа, ако не во Газа – тогаш во Иран.

Бенјамин Нетанјаху и Ехуд Барак на власт се најдоа по втор пат, наспроти претходните политички порази, носени на крилјата на двете надежи на кои се потпираат или надополнуваат: едната е дека нивното заедничко учествување во власта ќе го обезбеди она што е потребно да се произведе „операцијата над операциите“ за ослободување, помудра од останатите; а втората надеж е дека, на парадоксален начин, токму тие двајца – наспроти цивилните водачи како Ехуд Олмерт, Шимон Перес или Амир Перец – ќе се покажат доволно мудри да се откажат од државното јуначење. Овие два лидера се однесуваа разочарувачки: покажаа недостаток на храброст и визија на политичкото поле и недостаток на креативна употреба на силата. Што, тогаш, преостана?

Неуспехот на операцијата за спречување на бродовите во Газа помалку загрижува од кризата која се случува во Израел по повод овој случај: споулавеното движење меѓу точката на пожртвување (пружија отпор, беше откриено оружје, нож и пили, убиените беа високи како џинови) и точката на скромното јунаштво (пофалби за воздржаноста и чувствителноста поради што бројот на убиените беше само деветмина, а не шестотини луѓе; очајничко повикување на остатоците од славата на војничкиот мит). Оттаму струи чувството дека се пропушта нешто големо: проектирање на „успешноста на операцијата“ која тешко е да се дефинира и замисли, а која за кратко би ја решила егзистенцијалната вознемиреност на глумците и публиката.

Овие реакции нараснаа за време на оваа недела, но на веќе вообичаениот начин. Тоа се реакции на зависници на кои повторно им е ускратено следувањето на опијатот: совршена операција на израелската војска, или решавачка војна која ќе ги отстрани сите тешкотии и барања на спротивната страна (како и секоја потреба за водењето политика).

Некои укажуваат дека се случиле посакуваните промени во палестинското водство, вклучувајќи го и Хамас; се вели дека Палестинците конечно ја открија предноста на употребата на пропагандата и политичките средства во однос на насилството и теророт. Наместо да го охрабриме овој пристап и со обете раце да го прифатиме – Израел, кој својата матрица не ја менува со десетлетија, е „фатен на препад“ и оваа промена ја доживеа како шок (еден од луѓето на разузнавачката служба отсуството на терористички напади го дефинираше како „пропаганден проблем“). Нема дипломатија – сè што Израел има е да предложи уште една остра операција во која тој самиот се замислува како архаично суштество, кое наеднаш изнурнало од 70-те и 80-те години на минатиот век, со командоски нож во забите.

Израел досега снисходливо се жалеше на тоа дека има работа со арапските соседи, а не со „Норвежани и Швеѓани“. Во овој миг, кога си има работа со Европејците и целиот свет, може да види како изгледа и силно да поцрвене. Ако сè уште е способен за такво нешто.

Извор: Haaretz

ОкоБоли главаВицФото