Формулар за пријавување повреда на избирачко право

09.12.2016 11:32
Формулар за пријавување повреда на избирачко право

Во прилог давам формулар кој може да го искористат оние кои по кој било основ не се на избирачкиот список и покрај тоа што нема причини за такво нешто.

Доколку писменото не сака да го потпише никој од овластените на избирачкото место, може да се потпишат двајца сведоци (најдобро од редот на набљудувачи на местото):

Со цел да се направи проверка дали постојат елементи за сторување на кривичното дело „Повреда на избирачкото право“ предвидено со членот 159 став 1 од Кривичниот законик, јас,
________________________________________________, долу десно на ова писмено потпишаниот гласач на Република Македонија, на 11 декември 2016 година излегов да гласам на Парламентарните избори и се соочив со факт дека не фигурирам на Гласачкиот список со кој избирачките тела располагаат на Гласачкото место бр. ______ .

Поради тоа, побарав тоа да се утврди како факт и да ми биде потврдено во оваа, писмена форма. Следствено:
г. / г-а ________________________________________________
долу лево потпишаниот во својство на
______________________________________________________
со ова ПОТВРДУВА дека иако уредно се легитимирав со важечка лична карта __________________ и согласно моето живеалиште би требало да бидам на Гласачкиот список на ова Гласачко место – сепак, по извршената проверка не бев најден на истиот и од таа причина не ми беше овозможено да го реализирам своето активно гласачко право.

Скопје, 11 декември 2016 година

За Избирачкиот одбор                             Гласач

__________________                       ____________

 

Извор: Фејсбук профилот на авторката