Мала изборна приказна

14.12.2016 11:45
Мала изборна приказна

Едно утро, граѓанинот К. решил да гласа. Го облекол своето најдобро одело, ги изгланцал своите распаднати чевли, испил една ракија и тргнал да ја исполни својата света должност. Но, на само неколку чекори од станот во кој живеел, одеднаш добил срцев удар и се струполил на ладните плочки. Комшиите кои го виделе како лежи го одминале зашто морале да гласаат во одредено време. Останатите, кои решиле да не го дадат својот глас за ниедна опција, смело ѕиркале низ своите шпиунки и не преземале ништо. Граѓанинот К., веќе паднат во длабока кома, сонил еден сон во кој тој дошол до изборното место, а комисијата составена од ангели му свирела фанфари додека тој гордо го заокружувал неговиот избор. Набргу потоа умрел, а еден комшиски пес почнал да ја завива химната.

Цртеж: Владимир Лукаш

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото